Англичаните секогаш гордо се фалат дека тие го имаат измислено фудбалот, но забораваат и дека го имаат забрането. Најважната споредна работа на светот пред точно 700 години беше забранета во Англија, Шкотска и Франција.
Талентирана е за фудбал, живее за фудбал и сите сакаат да го прави тоа во животот. Но ограничувањата за малолетни играчи кои се поставени како правила во Светската куќа на фудбалот и го одзема тоа право.
Ривалството помеѓу навивачките групи знае да излезе од контрола. Во тренинг центарот на Хановер се појави мртва овца која најверојатно ја закачиле навивачите на Брауншвајг во пресрет на мечот помеѓу овие две екипи кој се игра овој викенд.
Навивачите на Манчестер Јунајтед кои се разочарани од Дејвид Мојс сега можат да го предводат клубот но не во реалноста, туку на игрица која ќе ја добијат во замена за нивните сезонски карти.
Земјата која живее за фудбалот дефинитивно не ја бива за организација на Светско фудбалско првенство. Ги пробија сите рокови за подготовка на стадионите кои им ги даде ФИФА и се уште немаат абер.
Додека неговата земја се подготвува за организацијата на Светското првенство, „најдобриот на сите времиња" одговори на Прустовиот прашалник во постојаната рубрика на магазинот Венити Фер.
Јувентус и Бенфика стекнаа предност на гостински терен, а по првите четврт-финални натпревари во второто по ранг европско клупско натпреварување, победи пред својата публика извојуваа Базел и Порто.
Каталонскиот тим за сега има одлични резултати оваа сезона и на нешто помалку од два месеци до завршувањето на клупските обврски на сите натпреварувања, е во игра за пехар на три полиња. Но тоа што ги мачи се проблемите надвор од фудбалските терени.
Хавиер Пасторе ги направи мајмуни дефанзивците на Челси за конечни 3:1 во 93 минута на синоќешниот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите, но од трибините имаше камера која не го ловеше голот и радоста на стрелецот.
Бразил не може да крене глава од протести кои се однесуваат пред се на големите трошоци за организација, а најголемите критики ги добија за изолираниот амазонски град кој го исфорсираа за да стане дел од градовите домаќини.
Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид ќе водат тешка битка во последните седум кола од шпанската Примера, а овој интересен инфографик ни покажува кој им стои на патот до трофеите до крајот на сезоната.
По комплетирањето на првите четвртфинални средби од Лигата на шампионите, четири неизвесни дуели следат и во второто по ранг клупско европско натпреварување. Највозбудливо ќе биде во Франција каде патува италијанскиот првак, а во Португалија гостува незгодната Севиља.
Светското првенство во Бразил ќе биде собир на најголемите фудбалски ѕвезди на планетата, но за жал ќе биде осиромашено и за неколку големи фудбалски имиња кои ќе го пропуштат Мундијалот заради повреди.
Фудбалерите на ПСЖ ја добија првата битка против Челси и со солидна предност од 3:1 ќе патуваат на реваншот во Лондон. „Кралевите“ беа уште поубедливи и со 3:0 му се одмаздија на Борусија за ланскиот пораз, со што направија важен исчекор за пласман во полуфиналето.
Синдикатот на професионални фудбалери направи истражување според кое во просек секој четврти фудбалер на кој се уште му трае кариерата има проблеми со депресија, додека здравствените проблеми кај пензионираните играчи се уште поголеми.
Холандската фудбалска федерација ја истражува сопственичката поврзаност помеѓу Челси и Витезе, која треба да покаже дали лондонскиот тим влијаел врз екипата од Арнхем.
По синоќешните 1:1 на синоќешните две средби, се очекува голема неизвесност и на другите две четвртфинални двојки од ЛШ. Реал Мадрид има многу причини за да им се одмазди на „Милионерите“, а Мурињо по 10 години се враќа на „Паркот на принцовите“ со истиот тим.
Обично Мурињо е задолжен за правење шоу на прес конференции, но свој табиет си има и Пеп Гвардиола. Новинарот три пати му постави едно исто прашање, а потоа се обиде да му уфрли и зборови.
Дисциплинската комисија на ФИФА им изрече санкции на Барселона и Фудбалската федерација на Шпанија заради прекршување на правилата за трансфери на малолетни фудбалери. Каталонскиот гигант нема да смее да купува играчи во следните два трансфер периоди.
Камерунецот Самуел Ето го опиша својот тежок пат до фудбалскиот врв. Напаѓачот на Челси призна дека кога пристигнал во Европа, тој бил нелегален имигрант.
Додека навивачите се „тепаа“ за влезници за дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен и за нив плаќаа и по 70 евра, а претставниците на медиумите не можеа да стигнат до акредитации заради огромниот интерес, еден новинар си најде друга занимација за време на натпреварот.
Фудбалскиот клуб Еибар од истоименото градче во Баскија, моментално е на чекор до историски пласман во Примера, но и до исфрлање во понизок ранг заради шпанските правила за спречување на банкрот и покрај тоа што клубот нема финансиски проблеми.
Иако според обложувалниците беа големи фаворити, Баерн Минхен и Барселона не успеаа да издвојат победи на првите средби од топ 8 фазата во Лигата на шампионите. Откако и двете екипи беа во негатива, на крајот ремизираа за конечни 1:1.