Пеп Гвардиола не е првиот тренер што се замерил со вечниот доктор на клупата на баварскиот гигант. Расправии со Милер-Волфарт имале и Клинсман, Матеус и Трапатони.
Колумбиецот пред 11 години од Меделин пристигна во Индепендиенте, а толку бил сиромашен што тренерот му купувал храна, облека, копачки и маици. Првата плата што ја земал била 172 евра а сега го бара цела Европа.
Хорхе Троитеиро е вистинскиот пример за она кога сакаме да кажеме „го прати по цигари“. Игра во третата шпанска лига, потегот му е ала Меси, а пријател е со Иниеста.
Откако лани играа во полуфиналето на Копа Судамерикана, најголемите ривали во Јужна Америка повторно ќе се сретнат, овој пат во елитната Копа Либертадорес, но и во првенството. Само три пати до сега играле меѓу себе во Либертадорес.
Убиственото трио на Барселона до сега сезонава постигна 91 гол во сите натпреварувања и само девет погодоци ги делат од клубот 100. Рекордот на постигнати голови во една сезона го држи Реал Мадрид.
Ливерпул соопшти дека ќе превземе акција против навивачот кој постираше слика од двајца Муслимани кои се молат во подрумот на Енфилд Роуд и напиша дека тоа било срамота.
На уругвајскиот напаѓач одлично му тргна во првата сезона во Барселона, а таа го потсетува и на една случка од детството кога пристигнал збунет и изгубен во шпанскиот град, каде никој не го познавал и не знаел ниту каде да оди.
Фудбалерите на Наполи со една нога се во полуфиналето од Лига Европа откако од гостувањето во Германија си заминаа со триумф од 1:4. Севиља обезбеди минимална предност, а Фиорентина и Днипро извадија нерешено.
Според официјалната статистика на Фудбалската асоцијација на Англија, играчите и стручниот штаб на Челси сезонава покажуваат најмалку респект кон судиите и противниците на терен. Најмногу ферплеј во Премиер лигата има кај Ливерпул.
Откако Црвена Ѕвезда во 1947 година гостуваше во Трст, во Белград се врати некомплетна. Од тимот им избега Александар Аранѓеловиќ кој стана легенда и направи светска кариера. На кралот Караѓорѓевиќ Втори му подари 15 одела, а денеска за него раскажува и штипјанецот Шекуларац.
Играа Сакраменто Репаблик и Ванкувер во третата по хиерархија лига во САД, а мечот го одбележи голот на Родриго Лопез од половина терен кога ги постави конечните 2-0.
Соочена со резултатската криза, Фиорентина патува во Киев, а Клуб Бриж го пречекува украинскиот Днипро. Севиља и Зенит последен пат играа пред 9 години, кога Величе играше за рускиот тим.
Малиот Чарли Пај во февруари испратил писмо за да се кандидира за заменик на тогашниот тренер Пол Ламберт. Актуелниот тренер Шервуд сега му одговори на симпатичен начин исто преку писмо.
Цената на одреден играч не е секогаш мерило за квалитет. За Давид Луиз лани Парижаните платија рекордни 70 милиони евра и откако Суарез синоќа му го испи мозокот, денеска најскапиот играч од одбрана го трола цел свет.
На 11 мај 1985 година во катастрофален пожар за време на дуелот Брадфорд - Линколн загинаа 56 навивачи, а 254 беа повредени. Истрагата утврдила случаен пожар, но сега излегоа нови детали за трагедијата.
Фудбалерите на Порто и Барселона со една нога се во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва убедливо со по 3:1 ги совладаа своите противници. Вечер на Луис Суарез и Рикардо Кварезма.
По фризурата и бројот на дресот потсеќа на Давид Луиз, а по тоа што го направи со топката може да го крстиме Роналдињо или Фалкао, но не Радамел, туку махерот за футсал.