Кога Самуел Ето реши да си замина од Гудисон Парк по само половина сезона и да се врати во Серија А каде потпиша за Сампдорија, со топла порака ги поздрави навивачите. Тогаш сите заборавија на неговиот скромен учинок од 4 голови на 20 меча.
Исто толку време помина и во Сампдорија и од таму летово се сели во Турција во тимот на Анталија каде потпиша две и пол години. Неговиот поздрав звучи познато.
Дали Ето само се прави срцка пред навивачите и ги копира пораките или пак му дошла скроз истата мисла, тоа не знаеме, но поздравот со Евертон и Сампдорија е идентичен во повеќе од половина статус на Фејсбук.