Португалија несомнено беше селекција на која ѝ се даваа најголеми шанси за златото, но на крајот завршија втори. Италијанците се ситеа на ваквиот епилог, затоа што во групната фаза Португалија и Шведска „одиграа“ 1-1 и се пласираа понатаму, Аѕурите си отидоа дома а сега Португалците изгубија од тие на кои „им пуштаа“. Швеѓаните го искористија славјето на крајот и по којзнае кој пат го тролаа Лајвин Курзава, одличниот бек на Монако.
Целата приказна датира од минатиот октомври, кога во баражот за пласман на Европското играа Франција и Шведска. Во моментите кога Франција имаше резултат кој ги води понатаму, Курзава го исмеваше Јон Гвидети со неговата типична прослава на гол.
На крајот Швеѓаните отидоа понатаму, и целата селекција му се пушти на Курзава со војничкиот поздрав. Скандинавците не пропуштија прилика ниту вчера како европски шампиони да го потсетат Курзава дека кој последен се смее...
Еве ги пеналите по кои Шведска го освои европското злато во Чешка: