Фудбал

Слатки беа тие 2:2 против Англија

Во период кога сè е црно во македонскиот фудбал, за убави вести ни преостанува да тропнеме на врата на рубриката „На денешен ден“ и да се навратиме на херојскиот подвиг на Седлоски, Васоски, Шаќири и компанија кои направија Англија да брка нерешено против нас.

ФФМ и Друловиќ и официјално се разделија

По вчерашните шпекулации за неговото заминување, Љубинко Друловиќ од денеска и официјално не е повеќе селектор на Македонската фудбалска репрезентација.

Се пензионира најсаканиот капитен

„Не беше лесна одлука, но прав момент е да се каже доста е", со овие зборови иконата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес Бланко објави дека се повлекува од фудбалот на крајот од сезоната.

10 годишна верност во најтрофејниот италијански клуб

Ако Милан за столб во одбрана го имаше Малдини, а Интер Занети, кај Старата дама тоа сигурно е Џорџо Кјелини кој денеска одбележува една деценија фудбал во Јувентус со кој стана четирикратен првак во Италија и на кој му беше верен и во втора лига.

Давид Трезеге никогаш не греши

Францускиот напаѓач со аргентинско потекло денес полни 38 години. За таа пригода избравме 10 убави голови од неговата кариера во Монако, Јувентус, Ривер Плата, Еркулес и француската репрезентација.

Роналдо, Меси, Ибра и Рамос во иднината

Доколку по играчката кариера се фатат за тренерскиот занает, овие четворица ѕвезди можно е да изгледаат вака и да ги предводат следниве клубови.

Најголемите трошаџии во Европа без топ 4 лигите

Во последните 10 години ПСЖ на засилувања потроши нешто повеќе од половина милијарда евра, а меѓу најмоќните 10 клубови во Европа со исклучот на оние од најсилните 4 првенства, има четири руски, три турски и два украински клубови.

Првиот нормален предизвик меѓу фудбалерите

Во рамките на фондацијата Гус Хидинк и неколку други организации се одржува акцијата Shoot for Love во која учество земаа Џон Тери, Раул Гонзалес, Џонџо Шелви, Филип Коку, Цезар Азпиликуета и други. Фората е да погодиш што попрецизно и на тој начин да ги зголемиш донациите во борбата против ракот.

Рио Фердинанд, сабајлечки

Да ти биде Фергусон тренер 12 години, потоа во пензија или ќе се пропиеш и ќе откачиш или пак навикнат ќе тераш по старо со дисциплината која тој ја бараше од играчите. Англија од оваа сезона повеќе нема да го гледа на терен еден од најдобрите дефанзивци кои го имала и кој ако им затреба може пак да го викнат.

Сезонска карта за Јеовил и Ист Фајф поскапа од сезонската за Барса

Најновото истражување Цена на влезници од БиБиСи уште еднаш потврди дека најскапи карти, дресови и клупска опрема во Европа плаќаат навивачите на Арсенал, а ништо поевтини не се ниту послабо рангираните клубови во Англија.

Гинис му најде место на Левандовски

Напаѓачот на Баерн Минхен кој оваа сезона на 11 меча постигна 16 голови ќе биде сместен во Гинисовата книга за рекорди по четири основи.

Џовинко го издрибла и часовникот

Себастијан Џовинко во средата наутро замина од Рим по репрезентативните обврски со Италија, попладнето стигнал во Торонто и дал гол по влегувањето на терен во 71. минута против Њујорк Ред Булс.

Дефиниција за праќање по цигари

Ако некој треба да добие награда за дриблинг на деценијата, тоа сигурно е нисколигашов од Шпанија кој пола тим го исфрли од игра.

Тајландска тики - така

Барселона ја игра речиси на секој меч, а од неа ја научија многу спортски колективи кои да му е мерак на човек да ги гледа како ја работат пред гол. Мајстори овој пат се фудбалерите на Тајланд кои славеа 3:0 на гостувањето во Виетнам на квалификациски меч за СП 2018.

Селекторот на БиХ тргна да прави селфи на прес

Поранешниот репрезентативец на Југославија, Мехмед Баждаревиќ со триумфот над Кипар на гости ја однесе БиХ во баражот за ЕП 2016, а на прес конференцијата сакаше да направи селфи со еден од новинарите.

Од бес или од некултура?

Пред почетокот на дуелот Турција - Исланд на стадионот во градот Коња имаше едноминуто молчење во чест на приближно 100 загинати луѓе во бомбашкиот напад во Анкара минатиот викенд. Голем дел од публиката свиреше, негодуваше и скандираше за време на молкот и се создаде непријатна атмосфера.

Ќе биде тоа Европско на дебитанти

Синоќа завршија едни од најинтересните квалификации за Европско првенство, преку кои 19 репрезентации плус домаќинот се квалификуваа директно а четири ќе стигнат преку баражот кој се игра во ноември.

Кога Турците разбраа дека Латвија е завршена

Фудбалерите на Турција го фатија последниот воз за Европското првенство, откако доцна синоќа славеа против Исланд, а Казахстан ја совлада Летонија. Турците први го завршија својот меч во Коња, па на мобилен телефон гледаа дали ја затвори Латвија.

Драматичен крај на квалификациите кој им се посреќи на Турците

Тоа што денеска го пишувавме околу начинот на кој Турција може да се квалификува директно на ЕП како најдобра третопласирана селекција, се случи, а Холандија пo 30 години не успеа да обезбеди пласман на Еврошампионатите.

Најголемата утка во квалификациите

Белгија вечерва го игра последниот квалификациски меч за ЕП Франција 2016, а најголемиот кривец што немаше водство на полувреме против Израел е промашување на Мертенс. Членот на Наполи се посрамоти на асистенцијата на Кевин де Бруин.

Инки, шамани и магијата врз Алексис Санчез

Алексис Санчез игра во одлична форма, неговиот Чиле го совлада Бразил 2:0 во првото коло од квалификациите за СП 2018, а вечерва му гостуваат на Перу. Тоа им било доволно на Перуанците да му прават малер на фудбалерот на Арсенал.

Ќе дочекаме ли некогаш вакво славје?

Со синоќешниот триумф од 4:2 против Луксембург, Словаците собраа 22 бода и како второпласирани во Групата Ц каде бевме и ние, го слават првото историско учество на Европските првенства. Мартин Шкртел и неговите колеги беа во елемент и му го прекинаа интервјуто на селекторот Јан Козак.

Стам: Во теретаната на Лацио ни влегоа четворица маскирани

Поранешниот столб на Холандија раскажа случка од времето додека беше играч на Лацио.