Лече - првиот фудбалски дом на Мирко Вучиниќ

„Еднаш со авион одевме за Белград, имаше страшни турбуленции, сите пребледеа само Мирко играше со тениско топче како ништо да не е. Таков беше и на теренот, ноншалантен“, раскажува Милоица, секретарот на ФК Сутјеска Никшиќ за Мирко Вучиниќ.

Од 18. февруари 2001 година до 14. април 2014, кога во дресот на Старата Дама го одигра својот последен меч во Италија, Мирков Вучиниќ се радуваше на 95 голови на 305 меча. На вечната листа најдобри странски стрелци во Серија А, Црногорецот е на 16. место: зад него се едни Ван Бастен (90 голови), Марадона (81), Кака (77), Недвед (71), Гулит (72).
 
18. февруари 2001 година. Место: римскиот Олимпико. Настан: 19. коло од Серија А. Домаќин: Рома на Капело, лидер и шампион таа година со Тоти, Монтела, Батистута, Кандела, Емерсон, Лима. Гостин: 12-пласираниот Лече.
 
Типична италијанска партија шах, Рома долго се мачеше сè до средината на вториот дел кога Валтер Самуел го отвори резултатот. Во ’84-та минута, тренерот на Лече Алберто Кавазин наместо Дарио Даинели го прати на терен 17-годишниот дебитант Мирко Вучиниќ кој заигра во тандем со херојот на левичарска Италија Кристијано Лукарели. Ништо не се смени, домаќинот ги освои бодовоите.
„Уште еден дебитант. И тој игра во нападот“ - кратко пиша Газета дело Спорт а подгоричката Побједа беше посликовита: „Доволно овој млад и перспективен играч да се охрабри“.
Целата приказна започнува кога миланскиот менаџер Бруно Конту му се јавил на својот пријател, спортскиот директор на Лече Панталео Корвино и му го препорача во 2000. година 16-годишниот напаѓач на југословенската младинска репрезентација.
 
Конту го загледал Мирко на некој турнир на Сардинија, каде дошол на повик на Андрија-Пир Вујовиќ, директорот на Сутјеска Никшиќ. За Мирко претходно прпват се слушнало на просторите на СР Југославија на 2. октомври 1999 година, кога ден после својот 16-ти роденден заиграл за Сутјеска против Сартид и станал најмладиот дебитант во историјата на првата лига. И дал гол!
 

Корвино, легендарен спортски директор тие години започнал амбициозен проект со Лече и имал проект да купува евтино а да продава скапо.
„Со тренерот Кавазин отидовме во Никшиќ да го гледаме наследникот на Савичевиќ на лице место. Сепак работите не тргнаа како треба, Мирко ја пружи најлошаа партија која можете да ја замислите“, раскажуваше Корвино за младиот Црногорец.
Сепак и покрај тоа решиле да го купат. Лече за него на Сутјеска ѝ платил 800 милиони лири (тогаш околу 400.000 евра). Потпишале 5-годишен договор и Мирко, кој до тој момент дал четири голови на девет настапи во југословенската лига ги спакувал куферите. 

Зелениот Никшиќ го заменил со мирисот на морето во Лече, а го сместиле во хотелот Пастор Бонус каде престојувале и другите питомци на Лече Бугаринот Валери Божинов, Алекс Конан, Кристијан Ледезма и Ернесто Шевантон. Во прилагодувањето најмногу му помогнал 8 години постариот Хрват Давор Вугринец.

Кавазин го внесе во првиот тим, но непрестаната борба за гол опстанок во лигата ги диктирала правилата. На екипата не ѝ требале млади уметници, но искусни борци. До крајот на првата сезона во Лече, Мирко настапил на три меча и вкупно 48 минути.

„Да се гледа играта на Мирко е како да стоиш пред сликата на Ван Гог и да уживаш во тишина. Неговите елегантни потези се фудбалска уметност", изјави Кавазин подоцна.

Незгодниот темперамент Мирко првпат го покажал во ноември 2001. година кога за време на дуелот на младинците против Кротоне вербално и физички го нападнал судијата. Дисциплинците го казниле четири месеци. Корвино тогаш му вовел додатни мерки - секое утре Никшиќанецот морал пред 8 часот наутро да ги отклучи клупските простории и да седи таму до попладне кога имал тренинг.

„Сакав да го научам да ги почитува правилата и луѓето. Среќа ја разбра пораката", истакна искусниот Корвино.

Во меѓувреме во јануари 2002. година Кавазин мораше да замине од Лече поради испаѓањето во Серија Б, а екипата ја презеде Делио Роси. На 29 второлигашки натпревари постигнал 6 голови и му помогнал на Лече да се врати во Серија А. Следната 2003/2004 Вучиниќ го дал првиот гол во најдобрата лига, но тешко ги повредил лигаментите и паузирал.

Нов тренер станал легендарниот Чех Зденек Земан кој изјави „Ако е роза, ќе процвета" за Вучиниќ. Во екстремно офанзивната формација 4-3-3 кај Земан, Вучиниќ постигна 19 голови на 29 натпревари и ги заинтересира џиновите од чизмата.

Одличните партии на клупско ниво го препорачаа во репрезентацијата, на 4. јуни 2005. дебитираше за Србија и Црна Гора а на 12. ноември со хет-трик против Хрватска ја одведе Србија и Црна Гора на Европското првенство за млади.

Лече ги продаде Шевантон во Монако за 10 милиони, Божинов во Фиорентина за 15 милиони и дојде ред на Црногорецот. Најупорна беше Рома која во август 2006-та на клубот од Пуља му изброи 19,5 милиони евра во две години. Следуваа пет сезони на Мирко во Рим, три во Јувентус, три титули, два купа на Италија, 10 голови во Лигата на шампипоните од кои по еден на Јунајтед, Челси и Реал Мадрид.

Во јули 2014-та Вучиниќ (33) се пресели во ОАЕ, во тимот на Ал Џазеира а во моментов се опоравува од тешката операција на вкрстените лигаменти.

„Лече е моја втора куќа која со времето ми стана прва, затоа што многу ми даде. Таму ја запознав својата сопруга и сакам да живеам таму по крајот на кариерата", изјави во јануари годинава Вучиниќ при посета на Пуља.

24 февруари 2016 - 13:26