На денешен ден пред 15 години Ливерпул го крена пехарот во Лига Купот против Бирминген во првата пенал серија која се случила во едно финале на едно големо англиско натпреварување. Црвените славеа 5:4 и потоа беше хаос. Играчите му направија “туш“ на голманот кој го одбрани последниот удар, а навивачите влетаа на терен и збеснаа од радост.
Првите пенали изведени во Англија на професионален меч се случиле во 1970 година кога Манчестер славеше над Тајгерс во Watney Cup кој постоел само три години.
Во ФА купот пеналите почнале во 1972 година, а на европските натпреварувања првите удари од 11 метри беа на дуелот меѓу унгарскиот тим Хонвед кој го совлада Абердин со 5:4 во Купот на куповите на победниците во сезоната 1970/1971.
Првото Европско првенство кое донесе европски првак на пенали беше Чехословачка – Германија 5:3 во 1976-та во Југославија.
Кога сме на тема пенали неизбежен е мечот Бразил – Италија на СП 1994 кој го добија Бразилците 3:2 откако Роберто Баџо ја рогна над гол. Тоа е првото финале од Светските првенства кое беше решено на пенали.