Најлогичното новинарско прашање до Роналд Куман на првата прес конференција од денес треба да изгледа вака: Што мислите за стартот на Луис Суарез во Атлетико и дали во ваква форма би го посакале во тим?
Не дека ќе добиете посакуван одговор, бидејќи тука најверојатно ќе проработи тренерската суета, но демантирал тој или не, Барселона се заеба што го продаде и тука нема простор за дискусија.
После цела таа летна сага со Меси, на Аргентинецот практично “му ги отсекоа“ нозете со тоа што одлучија да се лишат од неговиот партнер во напад.
Заедно правеа попара и освоија 13 трофеи за пет години, а во најнеефикасната сезона Суарез постигна 21 гол. Си замина со вкупно 198.
Внимавајте добро на следните три рекорди во режија на 34 годишниот Луис Суарез кој бележи историски јак старт во Атлетико Мадрид.
Има 16 голови на првите 17 средби за Атлетико во Ла Лига, а тоа е најдобар старт за еден шпански клуб во 21 век. Кристијано Роналдо за Реал постигна 15 во сезоната 2009/2010.
16 - Luis Suárez 🇺🇾 ha marcado 16 goles en sus primeros 17 partidos con el Atlético de Madrid en LaLiga, logrando el mejor comienzo goleador de un jugador con un mismo club en la competición en el siglo XXI (Cristiano Ronaldo 🇵🇹 15 con el Real Madrid en la 09/10). Increíble. pic.twitter.com/TDFN9urcmK
— OptaJose (@OptaJose) February 8, 2021
Луис Суарез е играчот кој сезонава со своите голови му донесе 12 бода на Атлетико, што е рекорд сезонава во Ла Лига.
12 - Luis Suárez 🇺🇾 del @Atleti es el jugador que más puntos ha dado con sus goles en @LaLiga esta temporada (12 puntos con 16 goles). MVP. pic.twitter.com/gL02kb16QA
— OptaJose (@OptaJose) February 8, 2021
Со 9 гола и 2 асистенции Суарез на 3 јануари стана играч со најдобар старт за Атлетико во 21 век. Со тоа му го сруши рекордот на Радамел Фалкао кој на првите 12 меча за Атлетико во 2011-та имаше 9 гола и 1 асистенција.
Со други зборови Барселона направи кардинална грешка со неговата продажба. Прво си го ослабнаа нападот, а второ му го засилија на директен конкурент за титулата. Нема полошо.
Но така сакаа Куман и Бартомеу, а Атлетико Мадрид сега им бега 8 бода на Барселона и Реал Мадрид и има и натпревар помалку.
Вчерашните 2 гола на уругвајската гол машина на кој му фалат уште три комада за да стигне до 500 гола за клуб и репрезентација, јубилеј кој пред неколку дена го одбележа Ибра.