Зидан прв го предвиди ова

Шест месеци. Ова е времето во кое Реал Мадрид ќе мора да го реконструира тимот кој постигна нешто незамисливо во современиот фудбал: 4 титули во ЛШ за 5 години.

5 март 2019-та ќе биде датум по кој ќе се памети во историјата за тоа толку бил понижен Реал Мадрид. Поразот од 4:1 од Ајакс треба да им служи како пресвртница.

Навивачите ја разбираат ситуацијата и мора да ја поднесат, чекајќи подобри времиња кои сигурно ќе дојдат, бидејќи полоша сезона од оваа едноставно е невозможна.

Ноќта во која Ајакс се наметна како газда во главниот град во Шпанија ќе се памети долго време не само поради болните 4:1, туку и поради тоа што ова значи збогум за тим кој стигна до незамисливо ниво со поединечни играчи за почит на секоја позиција.

Имаше поединци кои во вторникот се чинеа толку несигурни како да беа на холандски фестивал. Играчи како Варан, Каземиро, Начо и Тони Крос не беа ни блиску до играчите кои во изминативе пет години беа непобедливи.

Тие изгледаа како безживотни, копии од самите себе, а од другата страна имаа енергичен Ајакс кој танцуваше околу нив. Едноставно беа понесени од тоа што го гледаат кај гостите.

Она што се случи во изминатава недела треба да послужи за да го обликува Реал Мадрид кој се надева дека ќе се оддалечи од темнината. Иако не треба да им свртат грб на сите, бидејќи има голем број на играчи кои сè уште имаат многу да му дадат на фудбалот.

Првиот чекор е да најдат тренер, способен да направи структура и идентитет на тим кој никогаш не беше ист откако си заминаа Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо.

Зидан почувствувал што може да се случи и го предупреди Флорентино Перез дека не е подготвен да води тим кој не бил многу реконструиран, за што вредеше да се запамети дека има сериозни знаци на пад минатата сезона.

Заминувањето на Зидан речиси го остави клубот замрзнат, без водач кој е способен да го предводи проектот за носење млади талентирани играчи, додека го чекаа Нејмар да стане достапен.

Иако Роналдо постигна договор да ја намали клаузулата на 100 милиони евра во февруари 2018-та, Кралевите беа лошо подготвени за неговото заминување. Не реагираа ниту еднаш во текот на изминативе шест месеци и под водство на Лопетеги и со Солари. Отсуството на носење светска класа играч во летниот трансфер период не помогна.

Солзите на Лукас Васкез и Винисиуз Јуниор кога мораа да го напуштат теренот поради повреда не се доволни за да го компензираат недостатокот на глад или амбиција што беше очигледно да се види од некои играчи.

Ова доведе Реал Мадрид во суштина од 5 март да биде на одмор, без нешто да се надева, но има малку место за дискутирање. Сега е време е да се размисли и да се донесат крупни одлуки.

Виа

6 март 2019 - 13:33