Жреб за Лига Европа: Ливерпул и Милан со клубовите од Прага, Рома против Де Ѕерби

Попладнево во Нион се одржаа жрепките за осминафинале во Лига Европа и Лига Конференции.

На жребот кој веќе традиционално го води искусниот Џорџо Маркети кој во воведот ги објасни пропозициите на натпреварувањето, асистираше и Ирецот Џон О’Шеј како амбасадор на финалето кое е закажано за Даблин.

О’Шеј во меѓувреме изјави дека подготовките за големото финале одат во најдобар ред и дека се надева дека англиски тим би можел да игра во финалето, а од останатите шанси му дава на Баер Леверкузен но и на италијанските клубови за кои вели никој не смее да ги потцени.

ЛИГА ЕВРОПА 1/8 ФИНАЛЕ, ПАРОВИ:

СПАРТА ПРАГА - ЛИВЕРПУЛ
МАРСЕЈ - ВИЉАРЕАЛ
РОМА - БРАЈТОН
БЕНФИКА - РЕНЏЕРС
ФРАЈБУРГ - ВЕСТ ХЕМ
СПОРТИНГ - АТАЛАНТА
МИЛАН - СЛАВИЈА ПРАГА
КАРАБАГ - БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН

Првите натпревари од осминафинале во Лига Европа се закажани за 7-ми март а реваншите се недела дена подоцна на 14-ти март.

Интересно, Спортинг - Аталанта и Фрајбург Вест Хем играа и во групната фаза на Лига Европа и сега повторно ќе се сретнат.

Фрајбург и Вест Хем ќе играат во дуел кој ќе биде важен и за расплетот во Лига на шампиони, затоа што двете најдобри земји по коефицент би можеле да имаат и петти претставник во Лига на шампиони. Или Германија или Англија би можеле да го добијат петтото место во новото издание на Лига на шампиони.

Лига Конференции: Динамо Загреб и Стефан Ристовски против ПАОК

23 февруари 2024 - 14:04