Забрането вршење нужда за време на натпревар

Челниците на фудбалската лига на Ирска им се заканија на фудбалерите, резервите и тренерите дека ќе заработат исклучување ако бидат фатени дека уринираат на терен.

Голем скандал го потресе крикетот откако репрезентавците на Англија биле откриени дека уринирале на теренот по победата над Австралија. По завршувањето на натпреварот, Англичаните ја прославувале победата пиејќи големи количини пиво, а потоа и уринирале на теренот.

Уплашени од овој скандал, челниците на фудбалската федерација на Ирска решија да ги предупредат клубовите. Тие испратија допис со кој им се заканија на фудбалерите дека доколку бидат фатени како уринираат на терен, судијата ќе им покаже црвен картон.

„Имаме сознание дека судиите имале проблеми во неколку наврати со фудбалери и резерви кои не ги користеле тоалетите и уринирале на отворено. Им дадовме инструкции на судиите веднаш да им покажуваат црвени картони на фудбалерите кои ќе направат ваков прекршок", се вели во соопштението.

Доколку порано важеа овие правила, Јенс Леман сигурно ќе добиеше црвен картон во овој случај:

3 септември 2013 - 15:33