Фенербахче го совлада Генчлербирлиги 3-1 и ја продолжи потрагата за лидерот Галатасарај кој на табела им бега 3 бода. Свое деби имаше легендарниот Нголо Канте (34) кој одигра 62 минути. После мечот фудбалерот Исмаил Јуксек и другите соиграчи од Фенербахче тргнаа кон навивачите и го учеа Канте за традиционалното навивање со одбројување 1, 2, 3. Тој кутриот скромен и срамежлив не е за тоа.