Романска бркотница

Бегање по ниви и селски патишта од разулавени домашни навивачи, често се случува и во Македонија, но во Романија еден таков настан беше уловен на камера.

По завршувањето на еден натпревар од четврта романска лига, гостинските фудбалери незадоволни од судијата, решија да се пресметаат со него.

Откако еден од фудбалерите го удрил судијата, домашните фудбалери и навивачи се вмешале во тепачката, при што најмногу настрадал удирачот Космин Матеи.

Тој морал да се спасува бегајќи по ридот и локалниот пат, за на крајот да се спаси влегувајќи во автомобил на случаен минувач.

28 март 2012 - 10:21