Медиумите од островот пишуваат дека паднал договор меѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед за младиот Џејдон Сандо кој ќе се пресели на Олд Трафорд за 110 милиони евра.
Да, тоа се многу пари, ама нека не ве чуди, затоа што зад зделката стои клубот кој стана мајстор за стратегијата „купи евтино – продај скапо“.
Веќе неколку сезони наназад водат успешна програма која звучи едноставно, ама треба да те бива да ја спроведеш во пракса. Обично таргетираат млади таленти, им даваат шанса да се изградат во Бундеслигата, стануваат ѕвезди и потоа им вадат по 5-10 пати повеќе пари.
Колку и да продаваат, односно да им ги купуваат најзвучните фудбалски имиња, тие повторно вадат таленти, спремни да се носат со посилните, а потоа и со евентуален трансфер прават нов финансиски ќар.
Борусија Дортмунд може да утне една сезона или еден играч, но концептот на функционирање не го промашува. Се работи за клуб со менталитет кој ја негува програмата на функционирање, што подразбира организација, скаутинг и профит. Ќе си замине јак, па ќе дојде друг млад и перспективен играч.
Се работи за клуб кој секогаш е компетитивен и од кој може да учат другите како се работи.
Внимавајте добро на овие петмина играчи од кои за првиот се чека само официјализирање. Ги купија за 62 милиони евра, а ги продадоа за 420 милиони евра, а тоа е профит од 358 милиони, само од нив.
ЏЕЈДОН САНДО
-2017: Од Манчестер Сити во Борусија Дортмунд за 9 милиони евра
-2020: Од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед за 110 милиони евра
ОСМАН ДЕМБЕЛЕ
-2016: Од Рен во Борусија Дортмунд за 15 милиони евра
-2017: Од Борусија во Барселона за 140 милиони евра
ХЕНРИХ МИХТАРИЈАН
-2013: Од Шахтјор Доњецк во Борусија Дортмунд за 25 милиони евра
-2016: Од Борусија во Манчестер Јунајтед за 42 милиони евра
ПЈЕР ЕМЕРИК ОБАМЕЈАНГ
-2013: Од Сент Етјен во Борусија Дортмунд за 13 милиони евра
-2018: Од Борусија во Арсенал за 64 милиони евра
КРИСТИЈАН ПУЛИШИЌ
-2015: Во Борусија од младинската академија
-2019: Од Борусија во Челси за 64 милиони евра
Плус и извесна Хелена сака да ви раскаже нешто интересно.