Ви текнува на Фелипо Мело и Видал? Ене ги во Бразил уште се тепаат

Фелипе Мело кој некогаш играше за Фиорентина, Јувентус, Интер, Мајорка, Палмеирас, Галатасарај и други бразилски клубови, има 38 години. Сега е член на лидерот во бразилското првенство Кариока Серија А, Флуминенсе. На дербито со Фламенго на гости синоќа влегол во 88’ минута а во 89-та добил директен црвен картон зошто направил гужва по еден фаул врз негов соиграч.

А фасцинантно и неверојатно е дека последниот црвен картон овој грубијан познат по идиотски однос го добил пред 4 години. Уште појако е што на спротивната страна во игра влегол и Артуро Видал кој исто бил главен во тепачката:

На крајот конечни Фламенго - Флуминенсе 1-2.

10 март 2023 - 10:41