Гол после вакви дриблинзи обично се гледаат од некој Јужно Американец или некој од Пиринеи. Но 31-годишниот Полјак Матеуш Мак покажа дека многу му помогнало тоа што на времето играл мал фудбал. На мечот на неговиот Стал Миелец со Јагелонија, Мак направи дар-мар, постигна гол за 1-1 и донесе бод.