Велигденски пост меѓу фудбалерите

Прва асоцијација за фудбалерите се познатите клубови, ноќни излегувања, познати девојки и слично, но има и такви на кои духовноста им е подрага, па се одлучуваат и да постат од религиозни причини.

Во текот на Велигденските пости необично е кога ќе се слушне дека постат и професионални спортисти, особено ако се знае дека тренираат под големи напори а Велигденските пости траат вкупно 47 денови што не е малку за организмот да остане без посилна храна.
 
Тројца фудбалери на Партизан, меѓу кои дефанзивците Марко Јовановиќ, Бојан Шаранов и Мирослав Вуличевиќ се придржуваат до постот, а во среда и петок им се приклучува и капитенот Саша Илиќ.
„Имам посебен однос кон постот. Постам веќе пет години и што е најважно не чуствувам никакви тешкотии. Во посното мени има добар избор на наминирици коишто даваат доволно енергија. Никогаш не сум имал проблем со губење тежина или недостиг на енергија додека тренирам. Напротив се чуствувам извонредно“, вели за Блиц, Марко Јовановиќ, повратникот во Партизан.
Нему друшто на трпезата во клупските простории му прави и десниот бек Мирослав Вуличевиќ.
„И порано постев среда и петок, па дури и на вода кога требаше да се причестам. Ова ми е првпат да постам за Велигден, и не знам да објаснам зошто токму сега се одлучив за овој пост. Едноставно почуствував потреба. Издржувам лесно и мислам дека професионалците не би требало да имаат проблем. Строго водам сметка за исхраната и би потсетил дека и Дејан Бодирога редовно постел, па секогаш беше меѓу најдобрите и најиздржливите на теренот“, вели Вуличевиќ.

Во Партизан пред некоја сезона играше и фудбалер од Либија, Мухамед Забиа кој строго се придржувал до Рамазанскиот пост, па тогаш ниту јадел ниту пиел во текот на денот, единствено навечер јадел. Постот се одразувал на Забиа така што на тренинзите бил исрцпен.
„Пет години ги постам сите големи пости. Гледајќи од духовна страна, ништо не е тешко. Не се скратувам во исхраната ниту чуствувам тешкотии. Сопругата дома спрема сè како што треба, а готвачот во Спортскиот центар Телеоптик ни спрема посебно на Јовановиќ, на Вуличевиќ и на мене. Секако дека посната храна е повкусна од онаа што ја јадат другите“, додава голманот на Партизан Бојан Шаранов.
Меѓу оние од црно-белиот табор кои постеле бил и нивниот поранешен тренер Александар Станоевиќ кој сега додека работи во Кина вели дека таму немал адекватни услови за таква исхрана.