Вади ме жити се издишав, а тоа 15-та секунда

Веројатно најбрзата измена во историјата на фудбалот ја бележиме во Естонија прва лига, каде 16 годишен играч истрча 8 до 10 метри, не фати топка и потоа беше заменет.

Ете го тој доле деветката до аут линија. Па уште и на пукне му прават, демек добра партија пружил.

ЕДИТ:

Е сега да ја видиме позадината на оваа ултра брза измена:

Во естонската лига има правило според кое секој клуб мора да има двајца играчи во прва постава од сопствената школа и еден во игра во секое време. Поголемиот дел од составот на Калју е во карантин, откако еден играч бил позитивен на Ковид 19, па останале малку играчи кои потекнуваат од нивната школа.

Еден од нив бил резервниот голман, а другите биле 16 годишници од вториот тим. Од тие причини, тренерот бил приморан во играч да го стави тинејџерот Лаури Суп и веднаш да го смени со играч кој игра редовно за прв тим.

Тоа било единствената замена на натпреварот за Калју кој загубил само 1:2 од Левадија Талин откако биле во изолација две недели и не можеле да тренираат нормално.

Инаку ова било доста важен натпревар во првата лига, бидејќи и двете екипи се борат за втората позиција на табела.

22 септември 2020 - 09:05