Унгарскиот судија Виктор Кашаи и неговите помошници тотално го уништија четвртфиналето меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен. Тоа е оценката на многу стручни лица од областа на фудбалот како поранешни и актуелни фудбалери, тренери, аналитичари и новинари кои не штедат зборови за лошото судење.
Освен евидентните грешки кои ако не ги направеа кој знае каков ќе беше конечниот исход од мечот, се појави ново видео со две сомнителни моменти на двете страни за кои беше досуден офсајд.
Овие две ситуации се сигурно тешки за точна проценка, но на судиите тоа им е работа, да бидат прецизни, а вчера воопшто не беа. Впрочем, тоа вчера не беше пријателска средба, туку битка за полуфинале во Лига на шампиони.
Како капак на сè е текстот на Марка кој познато дека е наклонет на Реал Мадрид. Светски познатиот шпански весник на главниот судија му даде оценка НУЛА со објаснување за дел од грешките по кои беше оштетен германскиот првак.