Убавината на фудбалот во најтешки моменти

Голманот на белгискиот нисколигаш Јонг Генк, Брент Стивенс имал деби во професионалниот сениорски фудбал само една недела откако го изгубил татко му. После минута молк пред дуелот со РФЦ Лиеж, сите противнички играчи дошле да го гушнат и да му изразат сочувство. Во текот на натпреварот одбранил пенал па ривалските навивачи му аплаудирале и му честитале.

15 август 2025 - 11:57