Бојан Миовски одново ја доби довербата на тренерот Мичел кој лани со Жирона го направи најголемото изненадување во цела Европа и заврши на историски високо трето место со овој клуб во шпанска Ла Лига.
Миовски е стартер веќе на неколку натпревари а започна и во саботата со Легањес. Но се повреди во 63' минута при што мораше да излезе од игра.
Само неколку секунди претходно, над него беше направен пенал во 62' минута. Миовски тргна да го ја зема топката и сакаше да го изведе но тренерот Мичел не му дозволи. На негово место во игра влезе шпицот Кристијан Сутани и тој го реализираше пеналот. При прославата Стуани истрча до клупата и прво се поздрави токму со Миовски за голот.
Ова беше 29-ти гол на Стуани по влегување од клупа за резерви со што го надминал досегашниот рекорд во Ла Лига кој го држел Хулио Салинас (28).
„Еден од физиотерапевтите кажа дека Бојан го повредил скочниот зглоб па не сакав да ризикувам со оглед на тоа колку е долга листата со повредени играчи“, рече тренерот на Жирона, Мичел.
„Бојан требаше да го изведе пеналот, но моравме да повлечеме од игра, мора да мислиме на здравјето на играчите“.
„Се работи за извиткување на скочниот зглоб, мислам дека не е ништо сериозно, но не можевме да ризикуваме во овој момент“.
Во текот на денешниот и утрешниот ден Миовски треба да ги направи сите потребни снимања и анализи со цел да се види степенот на поведата и да се знае дали тој ќе настапи во вторник во Лига на шампиони против ПСВ Ајндховен на домашен терен.