Тотенхем даде два гола за 128 секунди, Сити врати за 129 секунди

Манчестер Сити и Тотенхем одиграа тотално луд натпревар во Премиер лигата. Гостите од Лондон во рок од две минути постигнаа два погодоци во самиот финиш на првиот дел. Прво Кулушевски а после Емерсон го матираа домашниот голман. Сити беше на праг на нов пораз, но во вториот дел се вратија и на крај славеа убедливо 4:2. Прво израмнија за само 129 секунди со голови на напаѓачите Алварез и Халанд.

20 јануари 2023 - 09:25