Тимот на Севиља чини колку еден трансфер на Ливерпул

Хорхе Андухар Морено познат како Коке кој синоќа им збрца два гола на Црвените во пресвртот, направи трансфер во Севиља за 1,8 милиони евра, а тоа за некои играчи е месечна плата.

Формулата „Со малку пари до успех во однос на гигантите“, почна да носи повеќе успешни приказни, а Лестер е само една од нив и е историска.

Но историја има во Севиља, единствениот тим со 5 трофеи во Купот на УЕФА/Лига Европа и тоа освоени во последниве 10 години. По Баерн Минхен во 70-те, ова е прв клуб кој освоил три европски титули по ред.

Унаи Емери е вториот тренер со три пехари во ова натпреварување, но прв со три по ред. Претходно Џовани Трапатони освои два со Јувентус (1976/1977 и 1992/1993) и еден со Интер (1990/1991).

За овој историски подвиг кој тешко дека некој ќе го повтори е заслужен спортскиот директор Рамон Мончи кој дојде пред 16 години и направи систем кој функционира и кој може да кажеме дека носи нереални резултати.

Познат е по тоа што има осет да донесе талентирани играчи за мали пари, да направи од нив име, да освои трофеи и да ги продаде за многу пари. Вредноста на Севиља според Трансфермаркет е околу 200 милиони евра, но сумата која е вложена за играчите кои во моментов го носат дресот е друга и нивната цена по овој успех порасна.

Најскапо платен играч е Стивен Нзонзи, потоа следи Кевин Гамеиро, а најзаслужниот за вчерашниот трофеј кој беше двоен стрелец е купен за 1,8 милиони евра. Коке пристигна во Андалузија во јули 2011-та од Рајо Ваљекано каде се калеше и како младинец.

За колку пари Мончи ги купи играчите кои вчера го шокираа Ливерпул во второ полувреме:

Стивен Нзонзи - 9.750.000
Кевин Гамеиро - 7.500.000
Висенте Ибора - 6.000.000
Гжегож Криховјак - 5.500.000
Адил Рами - 3.500.000
Мариано Фереира - 3.500.000
Хозе Антонио Рејес - 3.500.000
Витоло - 3.200.000
Тимоте Колозиечак  - 3.000.000
Серхио Ескудеро - 3.000.000
Евер Банега - 2.500.000
Беноа Тремулинас - 2.500.000
Николас Пареха - 2.500.000
Себастијан Кристофоро - 2.250.000
Бето - 2.200.000
Даниел Карисо - 1.800.000
Коке - 1.800.000
Диого Фигуиерас - 1.000.000
Марко Андреоли - 1.000.000
Јевен Конопљанка – 0
Серхио Рико – 0
Фернандо Љоренте – 0
Михаел Крон Дели – 0
Давид Сорија –

Вкупно за овие трансфери Севиља потроши 64.250.000 евра, а трансферот на Рахим Стерлинг од Ливерпул во Манчестер Сити изнесуваше 64.500.000 евра.

19 мај 2016 - 11:54