„Така и неправедно дојдоа на Светско, не со игра на терен туку со политички игри“

Општ заклучок после синоќешната вечер на Мундијалот е дека репрезентацијата на Полска со анти-фудбал, без никаков обид да направи нешто повеќе подалеку од својот шеснаесетник, оди во следна рунда сосема незаслужено.

Во првото коло од Светското првенство, Полска одигра 0-0 со Мексико. Тој меч и оној на отворањето меѓу домаќинот Катар и Еквадор меѓу навивачите се прогласени за најдосадни. Дремка да го фати човек додека ги гледа.

Во втората рунда, Полјаците едвај ја победија Саудиска Арабија со 2-0 зошто Саудијците имаа пенал при 1-0 и шанса да го однесат мечот во неизвесност но Војчех Шчесни одбрани пенал на истекот на првиот дел.

За очајната игра на Полска говори и фактот што на овој дуел Саудиска Арабија имаше 16 удари од кои 5 во рамки на противничкиот гол, а Полјаците имаа учинок 9/3.

Замислете кога Саудиска Арабија на овој натпревар имаше 64% посед на топка, а селекцијата на Левандовски 36%. Додавања Саудијците имале 537 наспроти мизерни 297 на црвено-белите.

Деструктивна селекција која знае само да умртви игра и ништо друго. 

Во 3. коло кога се решаваше судбината на сите репрезентации од оваа група, Полјаците очекувано го положија оружјето против Аргентина која блескаше и која не им даде да мрднат.

Гаучосите победија 2:0 и само новото јунаштво на голманот Војчех Шчесни кој правеше чуда на својот гол ги спречи Меси и другарите до врв да им ја наполнат мрежата. На крајот се извадија што Саудиска Арабија постигна гол во 90+5’ минута за 1-2 со Мексико па Мексиканците и покрај триумфот испаднаа поради делумно послаба гол-разлика од Полјаците.

„Ова беше одвратно, ужасно и прекрасно во исто време. Мечот траеше многу долго. Ми изгледаше како да трае пет часа. Но поминавме понатаму. Сеедно ми е како поминавме. Игравме безобразно сите 95 минути од мечот“, искрено вели јунакот голманот Војчех Шчесни после дуелот со Аргентина.

А капитенот Роберт Левандовски, еден од најдобрите центарфори на денешницата, кој веќе десетина години го има тој малер да игра во селекција која секогаш и секаде истрчува во формација 5-4-1 и размислува само на својот гол, вели:

„Ова е среќен пораз. Сфаќаме дека не покажавме баш добар фудбал... Ги видовме своите грешки. Мора да играме подобро со топка на средина на терен, да не се плашиме. Тоа ни фалеше“.

Ова е прв пласман во осминафинале на Полска на Светско првенство после цели 36 години. Полјаците во еден момент од дуелот со Аргентина имаа буквално 10 играчи зад топка, на свое поле и се бранеа со шест дефанзивци во последна линија.

На сите три дуели играа плашливо, бледо и срамно. Особено во последното коло кога неутралните гледачи се чудеа како е можно воопшто да стигнат до можност да одат понатаму.

Во многу показатели Полјаците ја пројдоа групата Ц како најлоши:

- во вкупен број шутеви
- во вкупен број директни шутеви во рамки на гол
- во допуштени шутеви
- во посед на топка
- во додавања на последна третина од терен
- во додавања во своја третина од терен
- во додавања во опасна зона
- во посед на топка

Само Костарика со 31 допуштен удар во свој гол е полоша од Полска која допуштила 31 шут кон својот голман. Истовремено лошо се бранеа и напаѓаа.

Главна причина што одат понатаму најверојатно е голманот Војчех Шчесни кој брани чудесно на овој Мундијал и во моментов е лидер по број на одбрани на цело Светско и во топ-10 во најновата историја (уште од 1998-ма од кога се мери статистика детално).

Треба да се потсети и како Полска стигна на ова Светско, откако репрезентацијата на Русија беше исфрлена од баражот за Мундијал. Полјаците требаше да гостуваат во Москва во полуфинале но ФИФА ги исфрли Русите па Полска без да одигра полуфинале се пласираше директно во финале кое го играше на домашен терен против Шведска и победи 2:0. Швеѓаните само пет дена претходно играа исцрпувачки меч со продолжнија против Чешка и победија едвај со гол во 110’ минута.

Полска загуби од Аргентина и пак се радува на осминафинале, Мексико и со победа трагичар

А што беше муабетот со жолти картони?

Со право му влезе, Пољаците не заслужуваат да одат понатаму

1 декември 2022 - 11:23