Столе и Рајо понижени како никогаш, Атлетико ги здроби 0-7

Рајо Ваљекано одигра две супер почетни рунди во новата сезона од Ла Лига и забележа два триумфи. Столе бранеше одлично на отворањето и сè беше како песна. Додека синоќа во предградието на Мадрид не дојде Атлетико којшто ги расканта 0-7. Еден гол падна по голема грешка на нашиот репрезентативен голман кој се вклопи во сивилото на целата екипа.

Ова е најубедлива гостинска победа во повеќе од 100-годишната историја на Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ трет пат во својата историја дале седум гола на еден меч.

Во 1922-ра славеле 8:3 со Химнастика Еспањол. Во 1948-ма со резултат 7:2 го совладале Спортинг Хихон и сега со најубедливи 0:7 го растурија Рајо Ваљекано.

Во Ла Лига последна таква гостинска победа со ваков или уште повисок резултат е забележена во 2016-та година кога Барселона му заби 8 гола на Депортиво Ла Коруња.

Македонскиот репрезентативен голман седум пати ја вадеше топката од голот а при петтиот гол кога Кореа беше стрелец направи кардинална грешка.

Мрежата на Столе Димитриевски ја погаѓаа: Гризман (2' минута), Мемфис Депај (!6'), Науел Молина (36'), Алваро Мората (73', 84'), Анхел Кореа (79') и Маркос Љоренте (86').

29 август 2023 - 10:38