Жозе Мурињо одбележа голем јубилеј од 1.000 натпревари како тренер во неговата дводецениска кариера, а за да го памети по убаво се погрижи Стефан Ел Шарави со гол во 91-ва минута за конечни Рома - Сасуоло 2:1.
Римјаните синоќа поведоа со голот на Кристанте во 37-ма минута, Ѓуричиќ израмни во 57-ма, а Ел Шарави на мајсторски начин му донесе триумф на Мурињо кој збесна од радост и трчаше по аут линијата.
Португалецот бележи 64% победи како тренер и има скор од 638 победи, 205 нерешени и 157 порази.
Првото тренерско искуство Мурињо го имаше во Бенфика во 2000-та година, кога како асистент го замени Јуп Хајнкес кој го отпуштија по само 4 кола.
Потоа ја водеше Леирија од Португалија, а се прослави со Порто кога во 2004-та освои Лига на шампиони и им ги донесе сите трофеи.
Специјалниот продолжи да работи со големи клубови во Англија, Италија и Шпанија како тренер на Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Тотенхем.
Има вкупно 25 трофеи од кои по два трофеи во ЛШ и ЛЕ.
José Mourinho: “I told everyone lies! I had been saying to the team for days that this 1000th game was not important to me… but I had an incredible fear of losing! Luckily we won and I was running like a child today because I was feeling 12 years old, not 58”. 🔴🇵🇹 #Mourinho pic.twitter.com/B0n6UXLGaV
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 12, 2021