УЕФА обезбеди по 9,45 милиони евра за сите земји кои успеаа да се пласираат на Европското првенство 2020 кое од ова лето го преместија за следното.
Околу една третина од овие пари ФФМ ќе ги подели на селекцијата на Македонија и стручниот штаб кои беа дел од испишувањето на историјата во Тбилиси.
Најмногу пари за успехот ќе добијат селекторот Игор Ангеловски и 12-те првотимци од двата меча во плејофот за кои се одвоени по 125.000 евра.
Списокот го објавија колегите од Спорт 1.