Спектакл на Енфилд меѓу Ливерпул и Милан, дебитант од Ајакс даде 4 гола

Буквално цела театарска претстава може да се напише по вечерва во ЛШ. Меси-Нејмар-Мбапе одиграа само 1-1 со Клуб Бриж. Себастијан Алер од Ајакс даде 4 гола на гости кај Спортинг во Лисабон, а Ливерпул и Милан одиграа луд меч со многу пресврти.

Лига на шампиони, 1. коло групна фаза:

Група А

МАНЧЕСТЕР СИТИ - РБ ЛАЈПЦИГ 6:3 (3-1)
/Аке 16', Марез 45+2' Грилиш 56', Кансело 75', Габриел Жезус 85' - Нкунку 42', 51', 73'/

КЛУБ БРИЖ - ПСЖ 1:1 (1-1)
/Ванакен 27' - Ерера 15'/

Група Б

ЛИВЕРПУЛ - МИЛАН 3-2 (1-2)
/Томори а.г. 9', Салах 49', Хендерсон 69' - Ребиќ 42', Дијаз 44'/

АТЛЕТИКО МАДРИД - ПОРТО 0:0

Група Ц

БЕШИКТАШ - БОРУСИЈА ДОРТМУНД 1-2 (0-2)
/Монтеро 90+4' - Белингем 20', Халанд 45+3'/

СПОРТИНГ ЛИСАБОН - АЈАКС 1-5 (1-3)
/Паулињо 33' - Алер 2', 9', 51', 63', Берхујс 39'/

Некогашниот шпиц на Ајнтрахт Франкфурт и Вест Хем, корпулентниот Себастијан Алер (репрезентативец на Брег на Слонова коска) за првпат во кариерата заигра во Лига на шампиони и стана вториот дебитант во историјата на елитното натпреварување, после Марко Ван Бастен кој дал дури 4 гола на првиот свој меч во ЛШ

 

Група Д

ШЕРИФ ТИРАСПОЛ - ШАХТЈАР ДОЊЕЦК 2:0 (1:0)
/Траоре 16', Јансане 62'/

ИНТЕР - РЕАЛ МАДРИД 0:1 (0:0)
/Родриго 89'/

Кралскиот клуб стана прв во историјата кој успеал да слави на дури 7 гостувања по ред во Италија против тимовите од Серија А:

15 септември 2021 - 22:54