Случајниот телефонски повик до Анчелоти кој донесе историја за него и Реал Мадрид

Карло Анчелоти е среќен, горд и задоволен. Со победата на Интерконтиненталниот Куп стана најуспешен тренер во историјата на Реал Мадрид со 15 трофеи. Кој очекуваше вакво нешто со неговиот кам бек?

Се врати случајно, а кога ќе дојде време ќе си замине како херој. Дон Карло Анчелоти е тазе најуспешен тренер во долгата и славна историја на Реал Мадрид со фантастични 15 трофеи.

Првиот пристигна на 16 април 2014-та во Валенсија, кога во финалето од Купот на Шпанија славеше со 2:1 против Барселона предводена од Тата Мартино.

Натпревар кој навивачите на Реал го паметот по оној славен спринт на Герет Бејл против Марк Бартра, кога излезе од терен, го заобиколи линискиот судија, се врати на терен и постигна гол.

Потоа на 24 март во Лисабон ја освои „Ла Десима“, титулата број 10 во ЛШ, кога Серхио Рамос против Атлетико израмниа во 93-та минута.

Следуваше Супер Купот на Шпанија, Светско клупско првенство и во јуни 2015-та отказ од страна на ретко задоволниот Флорентино Перез.

Телефонскиот повик

Баерн Минхен, Наполи и Евертон за италијанскиот стратег изгледаа како незапирлива надолна спирала. Му дадоа варено место, но Карло имаше други идеи.

На 29 мај 2021-ва после еден долг телефонски разговор со Хозе Анхел Санчез, кој е втор човек во Реал, го праша како оди потрагата по нов тренер?

Санчез му одговори дека сè уште не нашле замена за Зидан. „Еве јас ќе се вратам“, му рекол Анчелоти. Сериозно? Дај ми една минута за да разговарам со претседателот, возвратил Санчез.

Три дена после тој разговор, Карло Анчелоти беше претставен како старо нов тренер на Реал Мадрид.

Анчелоти никогаш не даваше значење на променливото расположение на Парез, кој пак очигледно повеќе сакаше да размислува на квалитетит на италијанскиот стратег, а не за причините кои го натераа да го отпушти 6 години претходно.

Новото поглавје

Неочекуван и целосно изненадувачки кам бек, но триумфален. Во изминативе 3 и нешто години, Анчелоти освои 11 трофеи, меѓу кои титулите во ЛШ број 14 и 15. Во 2024-та освои 5, но продолжува, бидејќи Реал се натпреварува во 7 натпреварувања.

Во втората негова етапа во Мадрид, го промени својот живот. Сега живее надвор од градот каде поминува време и со петте внуци од ќерка му Катија, која е сопруга на Мино, инаку вработен како нутриционист во Реал, додека син му му е асистент во клубот.

Бразил

Во текот на 2023-та, имаше понуда од Бразилската фудбалска федерација од страна на претседателот Едналдо Родригес, за да им биде селектор на Кариоките.

За малку ќе прифатеше, но рече не, а една од причините е што доби продолжување на договорот во Мадрид до 2026-та. Флорентино се смири.

Вистина е дека пред неколку недели Перез сакаше да го отпушти после поразите од Барселона и Милан, но Карло не обрна внимание на тоа и не ја крена веѓата.

Тој знае дека кога тогаш ќе биде сменет, но тоа не го загрижува. Тој е среќен, горд и задоволен.

Работи во клуб кој го смета за најдобар во светот, опкружен е со својата фамилија, а во стручниот штаб има 6 Италијанци.

И што е најважно продолжува да победува, како и секогаш. Со Интерконтиненталниот Куп стигна до 30 трофеи како тренер. Таа сабота во мај, пред 3 и пол години имаше 19.

Тоа е Карло Анчелоти, еден и единствен.

19 декември 2024 - 14:50