Што не сме знаеле за играчката кариера на Жозе Мурињо како млад

Жозе имал сенс за топка. Не бил дунстер. Иако главен тренер едно време му бил татко му, Мурињо никогаш не ја користел таа положба и бил крајно љубезен со сите други фудбалери, а на постарите им ги чистел копачките.

На една од јануарските прес-конференции, некој новинар го прашал Јирген Клоп кој бил подобар играч, тој или Жозе Мурињо? Јирген бил збунет: „Јас не ни знам на која позиција играл он, голман ли бил; дај изгуглајте!', им рекол насмеан Клоп на ноинарите.

Во моментот кога германскиот тренер на прашање одговорил со прашање „на која позиција воопшто играл Мурињо“, присутните новинари почнале да сурфаат со телефоните и го нашле одговорот.

Жозе бил играч од среден ред.

Но шегобијната претпоставка на Клоп не била многу грешна. Татко му на Мурињо бил познатиот голман Феликс Мурињо кој верувале или не цели 16 сезони бил професионален голман и дури 5 пати играл во финале на Куп на Португалија. Два пати го освоил овој драгоцен турнир со Виторија Сетубал.

Што се однесува до Жозе, „Специјалниот“ немал некои посебни достигнувања во играчката кариера. Но имал посебна желба и ревност кон фудбалот. За тоа раскажал неговиот соиграч од времето, Жоао Еузебио:

„Беше стварно добар како играч од среден ред. Одличен пас, способност да излезе од пресинг, имаше свој стил на игра. Можеби негов најголем проблем беше отсуството на конкурентност. Ја немаше потребната страст да стане професионален фудбалер. Излезе дека имал друга цел“, вели соиграч на Жозе од младоста.

За мрзливоста на талентираниот Мурињо еднаш раскажал и помошникот тренер на татко му на Жозе, Белтимар Брито кој играл стопер во Униао де Леириа, Челси и Порто. Тој го окарактеризирал денешниот тренер на Тотенхем како физички слаб играч за кого фудбалот е само хоби.

„Он (Мурињо) сакаше лесен живот, топката стално да биде кај него во нозе и да не се труди да се избори за неа. Мислам дека тоа е и клучна причина зошто никогаш не стана познат фудбалер“.

Интересно, на една прес-конференција во март годинава, на Мурињо му ги пренеле зборовите на стариот Брито кој бил помошник тренер. Жозе се согласил со Балтимар а после имал и смешен дијалог со еден новинар:

„Што би направил тренерот Жозе Мурињо со играчот Жозе Мурињо“?

- Он не би играл кај мене, многу просто.

- На трансфер листа, значи?

- Веќе би бил предложен. Земајте го бесплатно.“

Жозе како млад планирал да се запише на Факултет за физичко образование, но паднал на испит по математика. За да не седи со празни раце дома, отишол кај татко му да му помага во клубот Рио Аве. Во сезоната 1981/1982 дури и забележал еден настап за Рио Аве кога татко му бил тренер. Мурињо носел број 10.

„Сè она необично што го омекнуваше рутинскиот процес на тренинзи доаѓаше од Жозе, не од Феликс Мурињо. Жозе тренираше со нас, но никогаш не заигра во прв тим. Подоцна за време на една средба зборувавме за тоа време и ми кажа дека ги користел гостувањата со екипата за да ги гледа противниците и да прави скаутски извештај“, се сеќава Еузебио кој во тоа време бил соиграч со Мурињо.

Еузебио раскажал и дека во тоа време имало традиција помладите да им ги чистат копачките на возрасните првотимци.

„Жозе иако син на главниот тренер, секогаш прв се јавуваше за ова да ги чисти копачките на првотимците. Не мислам дека дојде во Вила до Конде да игра, туку повеќе да помине време во португалски суперлигашки клуб, да убие малку време додека факултетот му беше во мирување. Не беше таму да се бори за место во тимот, немаше таква амбиција.

Мурињо е роден лидер и ние знаевме уште тогаш за тоа. Го почитуваше секој, имаше добар смисол з ахумор, никогаш не се однесуваше дека е над некој друг поради татко му“, се сеќава Еузебио.

 

21 јули 2020 - 12:59