Џејми Варди ја промовираше неговата фудбалска академија која ќе има за цел да открива млади таленти од аматерските лиги во Англија и во контекст на темата откри што му рекле кога бил тинејџер.
„Ми беше кажано дека сум премногу мал, низок и недоволно физички подготвен за фудбал. Мислам дека во ниту еден случај не смее да му се каже така на дете кое не е доволно добро на 15 или 16 години и кое низ годините треба да се оформи. Тоа беше причината поради која бев јас одбиен, а сигурно така им кажале уште на стотици деца“
Варди го засили Лестер во 2012. година со трансфер вреден милион фунти од нисколигашот Флитвуд Таун каде на секој тренинг мирисал на алкохол.