Шпанците 23 години немаат изгубено финале

Шпанија одигра најубав фудбал на Европското 2024, стигна до финалето и таму според многумина е фаворит за пехарот во дуелот со Англија. Шпанската репрезентација и шпанските клубови од 2001-ва година не изгубиле ниту едно финале на Лига на шампиони, Светско и Европско првенство и Лига Европа.

Со 26 победи по ред во големите финалиња на сите големи турнири Шпанците се рекордери. Четири од овие финални средби биле играни меѓу шпански клубови.

Последен пораз на шпански клуб во финале на голем турнир е во 2001-ва година, она епското и незаборавно меѓу Ливерпул и Алавес во Купот на УЕФА кога англискиот тим славеше 5:4 во неверојатен меч. Истата година и Валенсија изгуби во финале на Лига на шампиони на пенали од Баерн Минхен.

Од тогаш до денес во дури 26 финалиња Шпанците го креваат пехарот. Тука не се бројат Суперкупот на УЕФА, Светско клупско првенство и Лига Нации каде Шпанија исто има трофеи.

Суперкупот на УЕФА е предсезонски меч. Од 2001-ва шпански клубови одиграли 17 натпревари за пехар. И победиле на дури 13: пет од овие дуели беа чисто шпански меѓу нивни клубови.

Во Лига Нации на УЕФА досега се одиграа три изданија. Шпанија играше во две финалиња. Едното го изгуби од Франција 2:1 со спорен гол на Килијан Мбапе. Во 2023-та Шпанците ја совладаа Хрватска на пенали.

На Светско клупско првенство Шпанците имаат 30 победнички финалиња. Во 2006-та Барселона изгуби од бразилски Интернасионал но потоа шпанските клубови освоија дури осум изданија на овој турнир по ред.

2002 - Лига на шампиони (победник Реал Мадрид)
2004 - Куп на УЕФА (Валенсија)
2006 - Куп на УЕФА (Севиља_
2006 - Лига на шампиони (Барселона)
2007 - Куп на УЕФА (Севиља)
2008 - Еуро 2008 (Шпанија)
2009 - Лига на шампиони (Барселона)
2010 - Лига Европа (Атлетико Мадрид)
2010 - Светско првенство (Шпанија)
2011 - Лига на шампиони (Барселона)
2012 - Лига Европа (Атлетико Мадрид)
2012 - Еуро 2012 (Шпанија)
2014 - Лига Европа (Севиља)
2014 - Лига на шампиони (Реал Мадрид)
2015 - Лига Европа (Севиња)
2015 - Лига на шампиони (Барселона)
2016 - Лига Европа (Севиља)
2016 - Лига на шампиони (Реал Мадрид на пенали)
2017 - Лига на шампиони (Реал Мадрид)
2018 - Лига Европа (Атлетико Мадрид)
2018 - Лига на шампиони (Реал Мадрид)
2020 - Лига Европа (Севиља)
2020 - Лига на шампиони (Реал Мадрид)
2021 - Лига Европа (Виљареал на пенали)
2023 - Лига Европа (Севиља)
2024 - Лига на шампиони (Реал Мадрид)

12 јули 2024 - 13:13