Селекторот на Шкотска до навивачите: „Седете раат, немој да се задолжувате за да одите на Светско“

Шеесет и две годишниот селектор на Шкотска, Стив Кларк побарал од навивачите да не заглавуваат во долгови со цел да обезбедат авионски карти, влезници за натпреварите на Светско првенство и сместување во САД за групната фаза.

Навивачите на репрезентациите кои обезбедија пласман на Мундијалот 2026 во САД, Мексико и Канада, веќе прават сериозни планови како да си го остварат сонот и да отпатуваат на Светското за да ја бодрат својата земја.

Ама во таа намера нималку не им олесна ФИФА која закотви многу скапи цени на влезници, нималку фудбалски популарни за народните маси. 

„Ние не може да ги контролираме цените. Слушнете, многу е скапо да се оди во САД како и да е. Ако можете да си го дозволите тоа, тогаш супер. Но ако не може да си дозволите да одите, тогаш разберете. Немој да се ставате себе и фамилијата во долгови. Картите се тие, цените се востановени со ФИФА. Моја најголема желба е луѓето да не се задолжуваат премногу за да дојдат таму (во САД). Дури и ако одите на одмор во САД, треба да штедите и да штедите и да штедите, треба да го поминете Атлантски океан и да бидете на одмор таму. Така што ќе биде прескапо Светско првенство.

Мислам дека (Светското) е големо нешто за мене. Мислам дека со помало растојание на натпреварите какво што имаме ние, дека многу навивачи ќе патуваат насекаде. Зборувам за одење во подалечни места, но можеби околу 1.200 би се нафатиле на тоа. Би сакал сите навивачи кои ќе дојдат да имаат карта за некој од натпреварите. Познавам некои, не баш добро но ги знам и сум ги видел околу. Сигурен сум дека ќе најдат начин да најдат карти“.

Цената на влезници за натпреварите на Шкотска во групна фаза изнесуваат од 134 фунти па сè до 525 фунти со голема веројатност да станат уште поскапи.

Здружението навивачи на шкотската фудбалска репрезентација Тартан Арми Клубс (ATAC) вели дека цените на карти се „одвратни и понижувачки“.

Шкотска ќе игра во група со Хаити, Мароко и Бразил.

ЗОШТО СЕ КАРТИТЕ ТОЛКУ СКАПИ?

Здружението на фудбалски навивачи Европа (FSE) соопшти дека наместо да се прилагоди стандардна цена за сите групни натпревари, цените на влезници се пресмеани „во зависност од нејасниот критериум како атрактивноста на натпреварот“.

ФИФА потврди дека таа цена што навивачите ќе ја видат при отворените таканаречени прозори за продажба на карти ќе биде иста и до крајот на Светското и дека ќе нема никакви промени.

Официјалниот организатор на Мундијалот соопшти дека најевтините влезници за Светското ќе движат од 21 долар до 128 долари, претежно за најдалечните горни места на трибините.

Картите за финалето меѓу Англија и Шпанија 2024 во Берлин беа со појдовна цена од 83 фунти.

ФИФА за сега одбива да коментира цени на картите кои се пуштени во продажба иако изјавија дека имале рекордна побарувачка од 5 милиони барања за карти во 24 часа.

16 декември 2025 - 11:46