Селаните од Ајндховен прославија 100 години

Еден од најпознатите фудбалски колективи од Холандија и клубот кој беше скалило во кариерите на Руд Гулит, Ромарио, Роналдо и Руд ван Нистелрој, Спортскиот клуб Филипс или познат како ПСВ Ајндховен прослави 100 години од постоењето.

Philips Sport Vereniging или Спортски клуб Филип е оформен на 31 август во 1913 година од страна на вработените во фабриката Филипс.

Уште од самото оформување клубот игра на Филипс арената во Ајндховен, град во јужниот дел на Холандија со што навивачите на овој клуб самите се нарекуваат селани или фармери, гордо истакнувајќи го провинцијалскиот статус на својот град.

Историјата на ПСВ има две златни ери. Во 1978. година овој клуб стигна до првиот европски трофеј откако го освоија УЕФА Купот со триумфот во финалето против Бастија, а на патот до трофејот ја елиминираа и Барселона. Истата сезона ПСВ го освои и домашното првенство без ниту еден пораз.

Сезоната 1987/88 е најдобра во клупската историја. ПСВ имаше апсолутна доминација во домашното првенство, го освои и купот, во полуфиналето од Купот на европските шампиони го елиминираше Реал Мадрид, а во финалето на тогаш најелитното европско натпреварување ја совлада Бенфика.

Клубот чии бои ги имаат брането Руд Гулит, Ромарио, Роналдо, Руд ван Нистелрој, Филип Коку, Матеја Кежман, Арјен Робен... освен двете европски титули, ПСВ во својата богата историја има освоено и 21 шампионски титули од холандското првенство и девет трофеи од купот.

4 септември 2013 - 14:40