Се повторува ли Евро 2004?

Селекциите на Чешка и Грција се двата тима кои го продолжуваат настапот на Европското првенство во Полска и Украина. Двете селекции кои одат понатаму со 1:0 ги совладаа противниците, Полска односно Русија и на крајот се случи неочекуван расплет.

Е сега се поставува прашањето дали се повторува 2004-тата година бидејќи и тогаш Грците едвај се пласираа во вториот круг, а на крајот стигнаа до трофејот.

Но, сега задачата ќе биде многу потешка бидејќи најреално во Б групата првото место да го освои Германија и тогаш на Грците сигурно ќе им биде многу тешко да направат уште една голема сензација.

Без настап во следната фаза остана, Русија, која во првите две кола делуваше најмоќно од сите конкуренти, но еден лош ден значи пакување на торбите и враќање дома.

Чесите почнаа лошо со убедлив пораз токму од Русите, кои продолжението на Европското првенство ќе го следат во своите домови.

Најголемо разочарување е домаќинот, Полска. Им се даваа големи шанси за влез во четврт-финалето, но и тие по само три настапи го завршија учеството на Европскиот шампионат.

Третото решавачко коло во А групата донесе неочекуван расплет, сензационални пласмани на Чешка и Русија. Можеме да претпоставиме што ќе се случи во продолжението, а возбудувањата продолжуваат веќе в недела кога се играат дуелите од Б групата, Германија - Данска и Холандија - Португалија.

16 јуни 2012 - 23:19