Се појави нов Обафеми, личи на Мартинс, игра за Ирска и даде спектакуларен гол

Мајкл Обафеми има 21 година, роден е во Даблин од нигериски родители. По извесно време се сели со семејството во Лондон и таму почнува да тренира фудбал во младинските школи на Челси, Арсенал и Вотфорд.

Во 2018-та станува вториот најмлад дебитант во историјата на Премиер лига откако влегува во игра за Саутемптон против Тотенхем наместо Лук Шоу.

Дебитирал во Премиер лига на 17 години и 116 дена. По настапите за Саутемптон во август 2021-ва оди во Свонси. За репрезентацијата на Република Ирска дебитирал на 19 ноември 2018 против Данска на меч од Лига Нации.

На 11 јуни 2022 за првпат заигрува од старт за Република Ирска и со неверојатна асистенција за гол на Трој Парот и негов прекрасен еврогол стана играч на мечот кој Ирците го добија убедливо со 3-0 во трето коло од Лига Нации.

Асистенцијата до Парот за 1-0:

Невозможниот еврогол за лудница во Даблин:

12 јуни 2022 - 10:39