Се огласи Меси за нередите во Бразил

Аргентина ја прекина неверојатната серија на Бразил од преку 60 меча без пораз во квалификации за Светско првенство на домашен терен. Гаучосите славеа 0-1 среде Маракана со прекрасниот гол на Николас Отаменди со глава во 63’ минута. Мечот го одбележија големи нереди на трибините поради што стартот беше одложен за половина час подоцна. Меси во еден момент ја повлекол екипата од терен а после победата се огласил на Инстаграм.

„Екипава испишува историја. Голема победа на Маракана која сепак ќе се памети по репресијата врз Аргентинците уште еднаш во Бразил. Ова не смее да се толерира, лудост е и мора да прекине тука!!“

Силеџиство на Маракана, бразилската полиција со пендраци во глава ги тепаше Аргентинците

22 ноември 2023 - 09:25