Саудиски клуб не излезе на терен во Иран поради биста на генерал Касем

Натпреварот од 2. коло на азиската Лига на шампиони меѓу ирански Сепахан и саудиски Ал Итихад за кого играат Карим Бензема и Нголо Канте бил откажан поради тоа што гостите не сакале да излезат на терен додека не се отстрани бистата на ирански генерал.

Ал Итихад, богатиот клуб од Саудиска Арабија за кого играат Бензема и Канте пристигнал на стадионот „Накш Џакан“ на кој имало повеќе од 60.000 навивачи но пред почетокот на мечот неочекувано саудискиот клуб не истрчал на терен и мечот е одложен.

Навивачите направиле сјајна увертира со пиротехника и светлечки ракети, но фудбал не се играл.

Новинарот Ахмед Ал-Омран соопштил дека причина за тоа била бистата на генерал Касем Сулејмани која што се наоѓа веднаш до теренот, односно право по излегување од соблекувалните. Оваа биста не била провокација затоа што таму стоела од 2020-та година кога е поставена.

Дента пред мечот играчите на Ал Итихад нормално тренирале на теренот додека бистата стоела таму.

Луѓето од Ал Итихад и фудбалерите пред мечот синоќа ја пријавиле бистата кај судиите и делегатите од Азиската фудбалска конфедерација. Правилата на АФК забрануваат користење фудбалски натпревари за пропагирање политички идеи. Чиновниците од конфедерацијата побарале од луѓето од Сепахан да ја тргнат бистата но тие одбиле.

Ал Итихад барал мечот да се одложи за 30 минути со цел да ги убедат домаќините да ја тргнат бистата но на крај кренале раце и го напуштиле стадионот.

Според иранскиот новинар Хатам Ширали 

Ал Итихад најверојатно ќе претрпи службен пораз и парична казна. Инаку и дел од навивачите на Сепахан биле против какво било мешање на политика во фудбал па некои и наводно скандирале „тргнете ја бистата“. Кога станало јасно дека мечот е одложен навивачите во знак на протест фрлале предмети на теренот.

Саудиска Арабија и Иран при посредништво на Кина во март годинава потпишале согласност за обновување на дипломатските односи после седум години конфликт. Домашни и гостински натпревари во двете земји меѓу клубови од двете држави продолжиле во септември годинава по пауза од 2016-та година. Во тој период се играа на неутрален терен.

КОЈ БИЛ ГЕНЕРАЛ КАСЕМ СУЛЕЈМАНИ?

Касем Сулејмани е поранешен ирански воен генерал и командир на специјалната единица Ал Кудс, највисока во составот на Корпусот на Исламска револуција.

Тој на 3 јануари 2020-та бил убиен во Багдар по напад со дрон од воените сили на САД. Според ирански извештаи тогаш на собири за простување од генералот присуствувале 25 милиони луѓе во пет градови во Иран.

Генерал Сулејмани станал познат откако пружал воена поддршка на групите ХАМАС и Хезболах и ја поддржувал владата на Башар Асад во граѓанската војна во Сирија. До неговата смрт тој бил на црниот список на ООН со 15 лица од Иран кои учествувале во разработка на нуклеарна програма. Касем Сулејмани важел за една од главните фигури на Блискиот Исток.

Во 2019-та година САД ги прогласиле КСИР и единицата Ал Кудс за терористички организации.

За Саудиска Арабија лицата од иранската воена и политичка власт биле непријатели поради тоа што Иран го поддржувал Јемен со кој Саудијците се во воен конфликт уште од 2014-та. Иран ги поддржувал хуситите а Саудиска Арабија сунитите.

Во 2011-та година шиитите имале митинг во Саудиска Арабија но тамошните власти брзо ја задушиле побуната. Во следната 2012-та бил уапсен исламскиот проповедник Нимр ал Нимр а во 2016-та тој и 46 ирански државјани биле осудени во Саудиска Арабија. Духовниот лидер на Иран Хаменеи ги осудил казните а толпа народ во Техеран ја нападнала саудиската амбасада. Како одговор на ова Саудиска Арабија ги прекинала односите со Иран.

САД во меѓувреме го обвиниле генерал Касем Сулејмани за заговор, а во Иран тој е семтан за национален херој. За него се снимани филмови и пишувани песни.

3 октомври 2023 - 09:49