Ариго Саки кој му беше тренер во Милан и кој беше во публика, го даде точниот опис за тоа каков е Карло и каков остана после 26 освоени титули во петте најсилни првенства во Европа.
„Кога го видов Карлето во црвената наметка, меѓу сите професори и пред многубројната публика, морам да признаам дека навистина се трогнав. Кога ректорот му ја предаде дипломата, ми се насолзија очите и тоа не ми е тешко да го признаам.
Ми се вратија спомени од многу моменти и слики, многу зборови кои ги разменивме и продолжуваме да ги разменуваме. Пред се, морам да му се заблагодарам на Анчелоти, бидејќи тој ми беше многу важен соработник во периодот кога бев селектор на Италија.
А претходно тој беше фундаментален играч во мојот Милан, кога го посакував по секоја цена, дури и против советите на лекарите и претседателот Берлускони кој не сакаше да го купи поради неговите проблеми со коленото.
„Ако ми го купите Анчелоти, ќе го освоиме Скудетото“. Со оваа фраза се обидов да го убедам Силвио. Пристигна Карлето, пристигна и Скудетото. На тренинг одеше два часа порано и работеше со младите од Примавера.
И да не заборавиме, тој беше играч кој беше дел од репрезентација и не беше било кој. Ова е само мала епизода која ја демонстрира неговата големина и пред се неговата скромност. Анчелоти имаше сила и храброст, вредностите да ги пренесе во тренерската професија. Тој е пример за сите, секаде го ценат, има освоено трофеи во пет европски земји.
Дури и кога можеби работите не одеа како што треба, кога губеше, беше секогаш почитуван. Знаете зошто? Едноставно е. Затоа што тој е човек кој ги гради своите камен темелници со искреност, дарежливост, страст и здрав разум.
Никогаш не сум слушнал некој играч да се жали на неговите методи, сите зборуваат позитивно за него. Неговата тајна, ако може така да се дефинира е дијалогот. Кога го видов заедно си сите тие професори, си реков и тој е професор. Беше и кога тренираше и сега кога е тренер.
Ми се врати еден момент кој зборува за неговата истрајност. Водевме на еден натпревар 4:0, мечот беше веќе добиен, а тој сакаше по секоја цена да постигне петти гол, па дури го скрши и зглобот во обид да го стори тоа.
Никогаш не се навраќаше за тоа што било, туку работеше и се бореше свесен дека само со труд може да се стигне до успех. И го постигна тој успег, без да дозволи да се промени. Остана едноставното и скромно момче што го запознав летото 1987-ма. Мојот Карлето стана доктор. Какво задоволство“, напиша Саки кој две сезони по ред (89` и 90`) стана европски првак со Милан откако го доведе Анчелоти.
64 годишниот стратег се расплака кога му ја свиреа химната на Реал Мадрид со две харфи.
The University of Parma honors Carlo Ancelotti. He has been awarded an honorary degree in sciences and techniques of preventive and adapted activity. pic.twitter.com/hNrqVQcex6
— Real Madrid Info ³⁵ (@RMadridInfo) October 11, 2023
Carlo Ancelotti in tears listening to the Real Madrid anthem after being named honorary doctor at the University of Parma 🥹🤍pic.twitter.com/nmIdcW43Kk
— Real Madrid Xtra (@RealMadridXtra) October 12, 2023