Ако се гледа чисто статистички како терале двајцава заедно и одвоено, тогаш излегува дека Роналдо бил поуспешен кога биле заедно, а Бензема пак како да процвета без него.
Доколку го одземеме речиси истиот процент на асистенции 0,24 без Роналдо и 0,25 со Роналдо, изглегува дека на Карим Бензема му оди подобро без Кристијано Роналдо по сите параметри, почнувајќи од поголемата реализација на голови.
Бројките со зелена боја означуваат дека сè му оди подобро сега, отколку кога играа заедно.
Кај другиов па работите се пола – пола, ама оние најважните статистички показатели, како што се голови и асистенции му оделе подобро заедно во тандем со Французинот. Еден гол на 90 минути со Бензема, наспротив 0,64 во просек откако го напуштил Реал.
За чудо Карим Бензема без Роналдо има скор од 41 гол и 15 асистенции и во моментов е прв стрелец во Ла Лига со 9 голови, а Роналдо без Бензема има 34 голови и 12 асистенции и сезонава има 5 погодоци во Серија А.
Од една страна ова може да се толкува на начин што Бензема во време на Кристијано, не можел многу да се истакне во Реал, ама што фајде ако на крај не освои некој трофеј нели?
Да повториме. Фудбалот е тимска игра и се игра за трофеи, а не за индивидуални дострели. Инаку може само да додадеме дека логично Бензема и да се гушел, бидејќи гол машината ја држеше играта и лупна вкупно 450 комада за Кралевите.