Рома ќе биде шампион на Италија?

По перфектниот старт на Рома, во прилог на „римската волчица" и оди и традицијата која вели дека девет од 11 тимови кои забележале шест победи на почетокот од сезоната на крајот биле шампиони.

Ливорно, Верона, Парма, Лацио, Сампдорија и Болоња се најдоа на списокот Рома за стопроцентен ефект на стартот од сезоната и најдобар почеток во историјата на клубот. Никогаш претходно Рома не успеала да забележи шест победи по исто толку одиграни натпревари од почетокот на сезоната.

На досегашните натпревари Рома прими само еден гол и со импресивните игри и резултати тие веќе се вбројаа помеѓу најсериозните кандидати за освојување на титулата, а на нивна страна е и традицијата.

Во досегашната историја на Серија А, само две екипи кои забележале шест победи во серија на стартот од сезоната, на крајот не биле шампиони. Само Интер во 1967-та и Ливорно во 1943-та година ја прокоцкале бодовната предност која ја оствариле на стартот, а Интер дури имале и седум победи на почетокот на сезоната.

Најдобри стартови во историјата на Серија А:

9 победи
Јувентус (2005/06) - шампион (одземена титула заради местење)

8 победи
Јувентус (1930/31) - шампион
Јувентус (1985/86) - шампион

7 победи
Милан (1954/55) - шампион
Интер (1966/67) - второ место
Јувентус (1976/77) - шампион

6 победи
Ливорно (1942/43) - второ место
Милан (1950/51) - шампион
Јувентус (1957/58) - шампион
Јувентус (1981/82) - шампион
Милан (1992/92) - шампион
Рома (2013/14) - ?

1 октомври 2013 - 09:37