Вроцлав е градот каде што се наоѓа најголемото навивачко здружение на инвалиди. Активни се од 2008 година и имаат организирано над 100 патувања. Во просек имаат по 200 навивачи на натпревар, а во 2011 на мечот Шлонск – Висла Краков поставија рекорд во Полска со 230 навивачи.
Изминатиот викенд нивниот омилен тим се сретна со Лехија Гданск, а тие поставија историски рекорд со присуство од 1005 навивачи. Пред судијата да означи почеток, најпрво се обрати капитенот на домаќините, а потоа топката прв ја шутна еден од најмладите.
„Многу луѓе ни помогнаа да ја постигнеме оваа цел. Ние успеавме и јас сум горд на тоа. Горд сум на сите навивачи во количка кој на овој ден излегоа од дома и дојдоа тука да го гледаат натпреварот“, изјави претседателот на Здружението на инвалиди.
Полските навивачи на Шлонск кој присуствуваа на стадионот во Врослав кој беше изграден за ЕП 2012 го соборија рекордот кој го држеше Шкотска каде на стадион беа над 700 навивачи во количка.