
Во англиската Премиер лига за првпат сезонава тренер доби отказ уште во август месец. Последен пат тоа се случи во далечната 2004/2005 кога Боби Робсон не нашол заеднички јазик со управата на Њукасл а од Саутемптон бил отпуштен Пол Старок.
Интересно само осум екипи ги имаат истите тренери како и на почеток на сезоната. Дури 12 тренери се отпуштени од стартот на сезоната, иако Opta вели дека правно 13 откази се во прашање затоа што Грем Потер пред да дојде во Челси бил отпуштен од Брајтон.
Во најгледаната лига на светот има толку откази сезонава што тренерот на Ман. Јунајтед Тен Хаг кој во мај лани седна на клупата на тимот од „Олд Трафорд“ е на високот деветто место на листата тренери со најдолг престој во лигата.
Рекордери во моментов од актуелните тренери се Јирген Клоп со 7 години и 177 дена на клупата на Ливерпул и Пеп Гвардиола со 6 години и 275 дена.
Обложувалниците во Англија веруваат во уште најмалку еден отказ сезонава: Стив Купер би можел да ги пакува куферите од Нотингем Форест зошто екипата нема победа на дури седум меча по ред и има само еден бод над зоната која води во втора лига.
Некои дури и веќе типувале дека рекордот ќе се зголеми.