По паузата заради интернационалните натпревари, 17 фудбалери на Реал Мадрид се вратија во својата тренинг база во шпанската престолнина. За среќа на Мурињо, сите до еден се вратија неповредени.
Последен во Мадрид пристигна Анхел ди Мариа кој на преголемата надморска височина во Боливија мораше да користи боца со кислород, но сепак тој е во одлична форма. Помеѓу стативите може да се врати и Касиљас, а единствен чиј настап овој викенд е доведен во прашање е Пепе.
Ова е прв пат оваа сезона како сите 25 фудбалери на Реал Мадрид му се ставени на располагање на Жозе Мурињо.
Во сабота Реал Мадрид и гостува на Сарагоса, а во среда во рамките на Лигата на шампиони ќе ја пречека екипата на Галатасарај.