
Винисиус Жуниор со три гола за 39 минути го забележа еден од најбрзите хет-трик учиноци во историјата на „Ел класико“ со Барселона.
Бразилскиот напаѓач стрелаше прецизно во 7’, 10’ и 39’ минута. „Сонував да постигнам хет-трик во класико како Ронадо. Тој не успеал но јас знам дека исто сонувал за такво нешто. Тоа ни е заеднички сон“, рекол Винисиус Жуниор уште во 2020-та година кога како да најавил хет-трик.
Во 64’ минута Винисиус му асистираше и на својот другар и партнер од нападот на Бразил Родриго а исто така испровоцира и црвен картон за стоперот на Барселона Араухо.
Ова беше втор хет-трик во кариерата на Винисиус Жуниор кој во мај 2022-ра го развали и Леванте а после по три пати постигнуваше по два гола - против Ал Хилал на клупско Светско првенство, против Ливерпул во Лига на шампиони и против Валенсија во Ла Лига.
Бразилецот е само петти играч во историјата кој постигнал три гола на вечното „Ел класико“ во прво полувреме. Последен пат тоа му успеа на Иван Заморано во 1995-та.
Жуниор има шест гола на 16 натпревари сезонава, а Барселона му е омилен ривал. На Каталонците им постигнал пет гола колку што им дал и на Ливерпул, Леванте и Валенсија.
Ова е и трет триумф по ред на Реал против Барселона.
По 13-ти пат „кралевите“ го креваат пехарот од Суперкупот а Барселона има еден повеќе.
Карло Анчелоти го освои својот 11-ти пехар со Реал Мадрид и се израмни со Зинедин Зидан. Повеќе од нив освоил само великиот Мигел Муњоз.
Реал Мадрид вкупно има 101 освоен пехар а Барселона 99.