Ракетата на баскиското дерби Атлетик Билбао - Сосиедад

29-годишниот Португалец Гонзало Гуедеш кој играше во Бенфика, ПСЖ, Валенсија, Волвс и Виљареал, од минатото лето е во Реал Сосиедад. Сезонава на 22 средби веќе има 6 гола и 2 асистенции и се покажа како одлично засилување. Синоќа во баскиското дерби против Атлетик Билбао на гости постигна прекрасно голчиште во 37' минута за 0-1. Подоцна домаќините израмнија во 88-ма минута за конечни 1-1.

2 февруари 2026 - 11:37