Прво искушение за Германците

Дербито во првото коло од Б групата се игра од 20 часот и 45 минути, а на арената во Лвов се среќаваат селекциите на Германија и Португалија. Овој дуел е првото соочување на тима кои имаат големи амбиции на турнирот, а двете селекции според квалитетот оправдано се вбројуваат меѓу фаворитите за највисок пласман.

Во редовите на германската репрезентација се оптимистички расположени и веруваат во победа бидејќи само на тој начин може да опстане во битката за првите две места во групата кои водат во вториот круг од натпреварувањето.
"Потребен ни е добар старт на шампионатот бидејќи само така ќе го избегнеме притисокот од јавноста, која од нас очекува пласман во елиминациската фаза. На наша несреќа сите противниците во групата се исклучително квалитетни и на секој меч ќе биде многу тешко да се дојде до трите бода. Португалија е одлична репрезентација, која може да победи било кој од тимовите кои се дел од првенството. Во своите редови го има Кристијано Роналдо, кој е меѓу најдобрите фудбалери на светот, но е само тој на теренот. Тука се Пепе, Нани, кои се клучни играчи во своите клубови", рече германскиот репрезентативец, Томас Милер.
Селекторот Јоаким Лев потврди дека на располагање ги има сите 23-ца фудбалери, но се уште не ја одредил стартната постава и како што самиот рече, конечната одлука ќе ја донесе непосредно пред почетокот на мечот.

На повреда се жали единствено дефанзивецот, Пер Мертезакер, кој настрада на последниот тренинг, но не станува збор за ништо сериозно и едниствено тој може да добие поштеда.


Првата ѕвезда во португалскиот тим, Кристијано Роналдо очекува дека може да се направи изненадување и дека овој состав и покрај лошите резултати во подготвителниот период можат да стигнат до победа.

"Германија е тежок противник, но ние играме најдобро токму против најсилните. Германија е фаворит за титулата и ќе оди на победа, но ние се фокусираме на нашата игра и ако бидеме добро организирани на теренот и го негуваме нашиот стил на игра не гледам причина зошто на крајот да не се радуваме", изјави Роналдо.

Двата тима на досега се сретнале пет пати, Германија има две победи, два меча завршиле нерешено, а Португалија само еднаш се радувала и тоа на Европското првенство во 2000-тата кога славеше со 3:0 и го елиминираше противникот уште во правата фаза од турнирот.

На последните два дуели Германија забележала две победи. На Мундијалот во 2006-тата триумф од 3:0, а на Евро 2008, победа во четврт-финалето од 3:2.

9 јуни 2012 - 11:11