Продолжи прекрасната Божиќна традиција на Унион Берлин

Пандемијата на пар години ги остави навивачите на симпатичниот клуб Унион Берлин без прекрасната пред Божиќна атмосфера. Пред крајот на 2022-ра традицијата се врати и стадионот одново собрал околу 30.000 навивачи.

Оваа традиција пред Божиќ навивачите да се соберат на стадионот на Унион Берлин каде пеат Божиќни песни и преку купени реквизити го помагаат клубот, започнала во 2003-та година благодарение на локалниот фан клуб Alt Unioner.

Во тој период овој клуб од источен Берлин живеел во сув просек. Бил на дното на втората германска лига, без никаква надеж за светла иднина. Овој клуб тогаш беше малку познат ширум светот.

Еден од главните активисти на навивачкото движење на Унион Берлин, Торстен Ејзенбејзер сакал да ги собере другарите пред Божиќ.

„Требаше да се вратиме дома кај семејствата во добро расположение. Тогаш ги собрав сите другари на едно место за да направиме топла атмосфера и да се стоплиме“, се сеќава Торстен.

Тој испечатил десетина листови со текстови на Божиќни песни, донел колач, греано вино и свеќи. Сите биле воодушевени. 

Навивачите на стадионот во време кога нема фудбал не правеле ништо противзаконски, напротив, го израдувале клубот кој дополнително им помогнал во малите предпразнични вечери. 

Оваа убава традиција растела. Се делеле бесплатни карти, а во еден момент интересот бил многу поголем од капацитетот на стадионот, па така од 2013-та година почнале да наплаќаат влезници од 5-10 евра со цел да му се помогне на клубот.

Во петокот вечер, на стадионот на Унион Берлин дошле 28.500 вљубеници во овој клуб. Се пееле празнични Божиќни песни, се пиело греано вино, се купувале клупски реквизити со цел да се поддржи клубот од Берлин.

„Во 2003-та година направивме мала средба за нашите луѓе и воопшто не размислувавме за нешто големо. Сега ова е огромен настан на кој доаѓаат не само љубители на фудбалот, туку и други“, рекол Торстен Ејзенбејзер.

Тринаесет години по ред за религиозниот дел бил одговор ист пастор (Питер Милер) но тој во 2017-та се повлекол од здравствени причини, па од тогаш службата ја презел пастор Улрих Кастнер. Овој пат почетокот на настанот малку доцнел, после почнал да врне и дожд но тоа не ги спречило навивачите кои продолжиле да пејат Божиќни песни.

За уште поубава атмосфера се погрижи и самиот Унион Берлин кој долго време беше на прво место во силната Бундеслига и направи право мало чудо во конкуренција со големите и побогати Баерн, Борусија Дортмунд, РБ Лајпциг, Баер Леверкузен и други. Од почетокот на паузата за Светско првенство, Унион Берлин е на 5. место во Бундеслига.

„Не можам да престанам да се воодушевувам. Дури на почеток на годината бевме среќни. Они се борат како единствен тим и тоа не прави горди на нив. Ние навивачите остануваме со нив и не паѓаме со дух, дури и ако има неуспеси. Знаеме од каде доаѓаме и го сакаме својт клуб“, вели Торстен.

26 декември 2022 - 09:56