
Во Лига Европа во 1/4 финале ќе играат:
ОЛИМПИК ЛИОН - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
ТОТЕНХЕМ - АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ
БОДЕ/ГЛИМТ - ЛАЦИО
ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС - АТЛЕТИК БИЛБАО
Првите натпревари се закажани за четврток 17-ти април а реваншите за седум дена подоцна. Големото финале на Лига Европа ќе се игра на стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао.
Победникот и освојувач на Лига Европа ќе обезбеди директен пласман во Лига на шампиони следната сезона.
Актуелен шампион во Лига Европа е италијанска Аталанта која лани го урна Баер Леверкузен со 3:0 во големото финале.
ЛИГА КОНФЕРЕНЦИИ
Во Лига Конференции исто ќе има големи битки во четвртфиналето. Понатаму одат Фиорентина и Челси кои се главни фаворити за шампионскиот трофеј.
1/4 ФИНАЛЕ ЛИГА КОНФЕРЕНЦИИ:
БЕТИС - ЈАГЕЛОНИЈА
ЦЕЉЕ - ФИОРЕНТИНА
ЧЕЛСИ - ЛЕГИЈА
ЈУРГАРДЕН - РАПИД ВИЕНА
Првите натпревари во Лига Конференции се предвидени за 10-ти април а една недела подоцна ќе се играат реванш-натпреварите. Со пласманот во оваа фаза сите четвртфиналисти ќе добијат дополнителна премија од 1,3 милиони евра. Големото финале за пехарот на Лига Конференции ќе се игра во полскиот град Вроцлав на 28-ми мај.