Цели 1.866 дена откако замина од Арсенал, Арсен Венгер за првпат се врати на трибините на стадионот „Емирати“. Французинот веќе неколку години е ангажиран во ФИФА каде работи на фудбалските правила и промени.
Кога камерата го прикажа Венгер, навивачите згрмеа: „There’s only one Arsene Wenger“.
Венгер цели 22 години го водеше Арсенал и тоа беше најуспешниот период во клупската историја. Од 1996-та до 2018-та Арсен (73) освои дури 10 трофеи а под негово водство „топџиите“ од Лондон играа прекрасен, атрактивен фудбал базиран на поголем посед на топка.
Запрашан после мечот дали неговиот поранешен тренер би се вратил во клубот да помогне, сегашниот менаџер на Арсенал Микел Артета изјави:
„Се надеваме дека можеме да го донесеме поблизу зошто мислам дека би имал одлично време да го гледа амбиентот кој се создава кога тој е овде. Тоа е за почит, наклонетост и љубов која секој во клубот ја има за тоа што тој го направи и за тоа што претставува за клубот“.
На времето Шпанецот беше прогласен за „син на Венгер“ односно негова десна рака на теренот.
„Арсен го погоди правиот момент. Мислам дека вечерашниот настап беше на ниво на кое заслужуваме да не гледа. Играчите не знаеа. Беше посебен ден, така што му благодарам многу што дојде. Да се оди низ стадионот додека тој поминува, да се почуствува што секој мисли за него... тој има такво влијание“.